Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

Активности

Обединетите нации го афирмираа поттикнувањето на општествената одговорност во Македонија како добро развојно решение

Онлајн платформата на Обединетите нации,  South-South World, оддаде признание за напорите што во изминативе 10 години ги вложуваат Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија. Имено, веб-сајтот што ги документира успешните реформски процеси во земјите во развој, објави прилог посветен на поттикнувањето на општествената одговорност во Македонија. Текстот го објаснува процесот на воспоставување на Координативното тело за ООП, развој на Националната агенда за поттикнување на ООП, основање организациона единица во Министерството за економија задолжена за поттикнување на ООП, како и доделување на Националната награда за општествено одговорни практики.


Објавувањето на нашето искуство за воведување на концептот на ООП во Македонија има две цели – негово споделување со други земји, но воедно и барање дополнителни сознанија и искуства од други понапредни земји во областа на општествена одговорност на претпријатија.


Обединетите нации посветуваат се поголемо внимание на развојот на т.н. соработка Југ-Југ, што означува соработка меѓу земјите во развој. Според овој концепт, покрај тоа што развиените земји имаат одговори на проблемите со кои се соочуваат земјите во развој и транзиција, и самите земји во развој можат да си помогнат меѓусебно разменувајќи одредени искуства од реформски процеси низ кои поминале.


Објавувањето на текстот беше на иницијатива на Секторот за поттикнување на општествена одговорност при Министерството за економија, што на веб-сајтот на Министерството го појасни и начинот како е остварено ваквото афирмирање на оваа наша успешна приказна.

Назад