Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

КОНКУРС ЗА НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА ООП  


Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и
Министерството за економија на Република Македонија

објавуваат повик за апликации за

НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ВО 2017 ГОДИНА
ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ

Сите претпријатија регистрирани во Република Македонија имаат право да поднесат пријава за Наградата, во една или во повеќе од нејзините категории:

Ќе се додели и признание за најинвентивен проект или практика во конкуренција на поднесените апликации во сите категории.

Во секоја од наведените категории на Наградата се избираат најдобри практики од големи и најдобри практики од мали/средни претпријатија. Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии според однапред утврдени постапка и критериуми, а статуетки и плакети ќе им бидат врачени на свечена церемонија која ќе се одржи во ноември 2017 година.

Тука можете да ги преземете Формуларот за аплицирање и Насоките за аплицирање.

Едно претпријатие може да аплицира само со еден проект во една категорија, а може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни категории. Износот на финансиски средства вложени во одредена практика не е одлучувачки фактор при изборот, туку идејата, квалитетот на проектот, како и постигнатите резултати. Сите апликации, материјали и податоци ќе бидат третирани како доверливи. 

Пријавите се примаат заклучно со 1-ви септември 2017 година.

Ве молиме да ги доставите вашите пријави преку електронска пошта
, на адреса beti.popova@economy.gov.mk и diella.sopaj@economy.gov.mk, или по пошта (во затворен коверт), на адреса Министерство за економија на Република Македонија, ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 15, 1000 Скопје. Пријавите треба да се испратат со назнака или наслов на пораката „Пријава за Национална награда во 2017 за општествено одговорни практики“.

Документите за Националната награда се објавени и на веб страниците на Министерството за економија (www.economy.gov.mk) и на Бизнис Конфедерација на Македонија (www.bcm.mk).



ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
НАСОКИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ