Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

ЗА НАС


Мисија на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата е да ги мобилизира претпријатијата и сите заинтересирани страни да ја применат општествената одговорност како клучна стратегија во работењето и со тоа да ги подобрат своите влијанија врз животната средина и социјалното милје, истовремено придонесувајќи македонската економија да стане поконкурентна на глобалниот пазар.


Телото ги има следниве цели:

  • подигнување на свеста за значењето на општествената одговорност на претпријатијата (ООП) и промовирање на прифаќањето и спроведувањето на ООП;
  • развивање на обука и едукативни програми во сферата на ООП;
  • изградба и примена на добри етички стандарди;
  • поддршка на соработката меѓу клучните актери и промовирање на партнерства на полето на ООП, и
  • известување за напредокот во примената на ООП.

Телото има задачи да:

  • служи како форум за политиките за ООП меѓу различните засегнати страни;
  • развива национална стратегија и акциски план за поттикнување на ООП преку консултативен процес, и го следи нејзиното спроведување;
  • координира активности за промовирање и примена на ООП;
  • иницира истражувања за теми од областа на ООП;
  • шири знаење и примери за добри практики на ООП преку иницирање и под­го­тов­ка на информативни материјали за ООП и настани за едуцирање, ди­ја­лог и застапување;
  • ги промовира и обезбедува поддршка и ресурси за активностите за поттикнување на ООП.