Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 
Постигнувања на Телото

  • Во 2008 г. Владата ја усвои Националната агенда за ООП за Република Македонија, подготвена од Координативното тело, и речиси шест години се спроведуваат нејзините мерки и активности за јакнење на свесноста, развивање на капацитети и компетенции и создавање на поволен амбиент за ООП.
  • Седми пат по ред се доделува годишна Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во пет категории: однос кон вработените, етичко управување, односи на пазарот, заштита на животната средина и вложување во заедницата.
  • Одржани се десетици обуки за компаниите, граѓанските организации и државните органи за концептот на ООП, придобивките од него и начините на примена во нивното работење.
  • Издадени се мноштво брошури и прирачници кои го објаснуваат и истражуваат концептот на ООП, како и одделните негови аспекти.
  • Остварена е соработка со иницијативите за ООП од Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Литванија, Шпанија, Велика Британија, Германија, Данска и повеќе Мрежи на Глобалниот договор на Обединетите нации, при што се разменети искуства со успешните институции и мрежи на ова поле во Европа.