Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

Активности

Втора годишна работна средба на членовите на КТООП и нивните заменици х. Гранит, Охрид, 11-12 септември, 2009 година

Оваа средба, која по втор пат се организира во Охрид, се одржа на 11-12 септември со тематски наслов „Поврзаноста на ООП и човечките ресурси“.

Средбата се одржа во рамките на првата Меѓународна Конференција за човечки ресурси на Македонската Асоцијација за човечки ресурси, која се одржа во исто време во Охрид, во соработка со УСАИД.

На средбата се одржа редовната 11-та седница на Координативното тело, на која беше презентиран Извештајот за работењето на Телото во периодот декември 2007 – септември 2009 година и Информацијата за реализација на Националната Агенда за ООП за 2008 година. Претседателот на Телото учествуваше на посебна панел дискусија на Конференцијата за човечки ресурси. Во текот на работната средба во Охрид, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу КТООП и Македонската Асоцијација за човечки ресурси.

За улогата на човечките ресурси во ООП, различните политики на претпријатијата и позитивни практики беше дискутирано во вториот дел од едукативно-работната сесија. Членовите и замениците на Телото се запознаа со позитивните практики во Микросам АД Прилеп и ПроКредит Банка АД Скопје, преку презентациите на наградените проекти „Микросам Академија на таленти“ и Центарот за обуки на Велешкото езеро Младост, кои добија награди во мај 2009 година за најдобри практики на македонски претпријатија во категоријата „Односи со вработените“. Присутните беа позитивно изненадени од позитивните практики на овие две претпријатија, кои покажуваат визионерски и лидерски способности и ја истакнаа потребата од промовирање на ваквите и слични практики во јавноста.

Втората работната средба на Координативното тело за ООП беше поддржана од УСАИД и од Министерството за економија.

Агенда

Назад