Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија имаат чест да Ве поканат на традиционалната манифестација „Свечено доделување на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012 година“. Настанот ќе се одржи на 23 април 2013 г., во хотел Александар Палас, со почеток во 11:30 часот.
Оваа година, Националната награда е дел од „Европскиот систем за наградување на општествената одговорност на претпријатијата“ што настојува да ја поттикне соработката во областа на општествената одговорност помеѓу компаниите и засегнатите страни, да ги истакне најдобрите европски проекти кои вклучуваат партнерства со засегнати страни, и да создаде иновативни решенија што придонесуваат кон одржливоста.
Го очекуваме Вашето присуство и Ве молиме за потврда на beti.popova@economy.gov.mk
|