Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

Активности

Распишан конкурс за Национална награда за најдобри општествено одговорни практики за 2011

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонија по јубилеен, петти пат ќе доделат Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за изминатата календарска година.


На 11-ти август 2012 година распишан е конкурс за пријавување за наградата за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за 2011 година. Пријавите се примаат најдоцна до 28-ми септември 2012 година. Право на учество имаат сите претпријатија регистрирани во Република Македонија кои ќе достават комплетна пријава во предвидениот рок. Наградите се доделуваат во следните категории:
- односи со вработените
- етичко управување
- односи на пазарот со снабдувачите, потрошувачите или купувачите
- заштита на животната средина
- вложување во заедницата.


Претпријатијата имаат право да конкурираат само со по една пријава во секоја од категориите. Одлучувачки фактори при оценувањето на пристигнатите пријави се идејата, квалитетот и постигнатите резултати, а не големината на средствата потрошени за проектот. Повеќе информации, формулар и насоки за пријавување можете да најдете на следнава страница.

Назад