Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

Активности

Учество на двајца претставници од КТООП на Семинар „Општествена одговорност на претпријатијата во услови на криза“ Белград, Србија, 24-26 ноември 2009 година

Семинарот го организираше Стопанската комора на Србија во соработка со Европската Комисија (TAIEX), со цел да се промовира концептот за ООП, разменат искуства од практикувањето на овој концепт во земјите учеснички, како и за запознавање со процесот на подготовка и содржината на новиот стандард за општествена одговорност ИСО 26000.

На Семинарот земаа учество меѓународни екперти за ООП, како и претставници од десет европски земји: Австрија, Италија, Шпанија, Белгија, Велика Британија, Грција, Црна Гора, БиХ, Србија и Македонија. Од Република Македонија учествуваа Претседателот на Координативно тело за ООП, Горан Лазаревски и заменик членот на Телото од Министерството за економија, Никола Столев.

Во отворањето на Семинарот, покрај претставници од Стопанската комора на Србија, Европската комисија, Минстерството за труд и социјална политика на Србија, воведен збор имаше и Претседателот на Координативното тело за ООП.

На Семинарот свои презентации имаа меѓународни експерти за ООП од повеќе земји, како и експерти за новиот стандард за општествена одговорност ИСО 26000. Тие одржаа презентации на следните теми: „Улогата на вмрежување на компаниите со ООП“, „ООП како додадена вредност во бизнисот“, „ИСО 26000“, „ООП во општествените иновации“, „Изградба на мрежа за ООП за поголем успех на компанијата Титан-Грција“, и „Јавната политика за ООП во Шпанија“. На Семинарот беа претставени компании од Србија кои го практикуваат концептот за ООП и кои се наградени за своите добри практики (Металец, Ерсте банка во Србија).

Учесниците на Семинарот се сложија дека во сите земји се повеќе се наметнува потребата за прифаќање, признавање и промовирање на концептот на ООП и нејзиниот придонес кон социјалната кохезија и создавањето на одржлива конкурентност и развој. Само со заедничка соработка, заеднички проекти и размена на добрите практики, ќе се овозможи поголемо прифаќање и практикување на општествената одговорност, што е во интерес на секоја земја. Од дискусиите произлезе потребата за вмрежување на компаниите кои го практикуваат концептот за ООП и поголема меѓусебна соработка на земјите учеснички.

Назад