Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

Активности

Информативна сесија за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2014 г.

На 10 јуни 2015 г., во ЕУ Инфо центарот во Скопје се одржа Информативна сесија за потенцијални апликанти за Националната награда за општествено одговорни практики во 2014 г. Претставени беа документите и процесот за аплицирање и беа одговорени прашањата на заинтересираните претпријатија.

Присутните беа посебно заинтересирани за признанието за најинвентивна практика. Ова признание за првпат се воведе во конкурсот од 2015 г. Жири комисиите од доставените апликации во секоја категорија ќе предложат по една која ќе влезе во изборот за признание за најинвентивна практика во сите категории.

Како новост, Информативната сесија  содржеше и едукативен дел со насоки и совети за подготовка на успешна апликација.

На настанот се обратија Александар Николов, Претседателот на Координа-тивното тело за ООП, Славица Синџировска, раководител на Секторот за општествена одговорност при Министерството за економија, и Никица Кусиникова. Свои излагања како поддржувачи на Наградата имаа и Елизабета Георгиева од Делегацијата на ЕУ во Македонија и Миле Бошков од Бизнис конфедерација на Македонија.

Назад