Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

Активности

Министерот Бесими ги додели Националните награди за најдобри општествено-одговорни практики во 2009

Девет статуетки, 14 плакети и 19 благодарници во 5 категории беа врачени на 20.10.2010 г. во Клубот на пратеници од страна на Министерот за економија Фатмир Бесими за најдобрите општествено одговорни пратики на македонските деловни субјекти кои аплицираа за Националната награда за општествена одговорни практики на претпријатијата во 2009 г. Од вкупно пријавените 42 проекти од 22 деловни субјекта, од големите компании со прва награда - статуетка се закитија: Цементарница УСЈЕ, Алкалоид, One-телекомуникациски услуги (2 категории), а на второнаградени се Алкалоид (2 категории), Фени индустри, ЕВН Македонија (3 категории), Комерцијална банка (2 категории), Прокредит банка, Сеавус, ЕЛЕМ, Макстил и Тобако.

Во конкренција на мали и средни претпријатија првата награда им припадна на Фармахем (2 категории), Раде Кончар ТЕП, Дуна компјутери и Меѓународни училишта НОВА, а второнаградени проекти имаа Дониа и Инет. 

Целта на наградата, која се доделува трета година по ред, е да ги промовира позитивните практики на општествено одговорно делување на претпријатијата во Македонија и притоа да инспирира за воведување и понатамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Македонија.

Министерот за економија Фатмир Бесими изрази задоволство што општествената одговорност се’ повеќе станува составен дел на деловната политика на македонските компании, истакнувајќи: „Со прифаќањето на овој концепт нашите компании директно ја подобруваат сопствената конкурентност во глобалната економија, со зголемување на додадената вредност на нивните производи и услуги, подобрување на угледот и имиџот на претпријатијата, подобрување на односите со снабдувачите, потрошувачите и потенцијалните инвеститори, висока мотивираност и лојалност на вработените и долгорочен успех во бизнисот“.

Тој потсети дека Република Македонија има донесено Национална агенда за општествена одговорност на претпријатијата за периодот 2008-2012, а годинава е потпишан и договор со Европската комисија за добивање грант за реализација на проектот „Општествената одговорност на претпријатијата во Република Македонија“. Двeгодишниот проект е со вредност од 400 илјади евра, од кои со 65 отсто учествува ЕУ, а останатиот дел е обврска на Министерството за економија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската фондација за развој на претпријатијата и здружението Конект. Оваа година, спроведувањето на Наградата е поддржано од Проектот.




Назад