Новости
Партнери
BEAUNDP
European CommisionInWent
 

специфични критериуми на националната НАГРАДА за ооп

Специфичните критериуми се различни за секоја категорија:

На горните линкови, како и подолу на оваа страница е даден опис на специфичните критериуми во секоја категорија.

Специфични критериуми за однос кон вработените

  1. Предложениот проект ја подобрува благосостојбата на вработените и ги унапредува нивните права, вклучително и правото на недискриминација и еднакви можности без оглед на пол, возраст, етничка и религиозна припадност, сексуална ориентација, стил на живеење, итн.
  2. Работниците се синдикално организирани, имаат склучено колективен договор на ниво на работодавач и предложениот проект го унапредува социјалниот дијалог.
  3. Предложениот проект ги стимулира и промовира вештините, талентот и знаењето на вработените и го поттикнува нивниот личен развој.

Врати се на почетокот од оваа страница.

Специфични критериуми за етичко управување

  1. Предложениот проект воведува и/или промовира правила на етичко деловно однесување, системи за следење и поттикнување на етичкото деловно однесување или на придржувањето до законите и прописите
  2. Предложениот проект промовира соработка со цел посеопфатно да се земат предвид интересите на засегнатите страни при водењето на претпријатието или при формулирањето на неговата стратегија, политики или одлуки
  3. Предложениот проект промовира транспарентно и одговорно работење кон сите засегнати страни и комуникација (внатре и надвор) која е кредибилна и се базира на факти и веродостојни податоци

Врати се на почетокот од оваа страница.

Специфични критериуми за односи на пазарот

  1. Предложениот проект ги зема предвид интересите и ставовите на потрошувачите[1], снабдувачите и/или купувачите[2]
  2. Предложениот проект промовира практики кои се во согласност со меѓународните стандарди и насоки (на пр. ISO) или опфатени со соодветни кодекси за правата на потрошувачите
  3. Предложениот проект промовира отворена комуникација и соработка со снабдувачите, потрошувачите или купувачите и ги зема предвид нивните повратни информации и поплаки. Проектот ги прикажува начините на спогодбено решавање на спорови со потрошувачите, како и соработката со организациите на потрошувачи и надлежните државни органи во постапување по жалбите на потрошувачите (Напомена: последната реченица не се применува доколку проектот се однесува на снабдувачите и/или купувачите.)


[1] Физичко лице кое купува производи и/или користи услуги за непосредна сопствена потрошувачка, т.е. за цели кои не се наменети за вршење на неговото занимање или за други деловни дејности.
[2] Физичко или правно лице кое купува производи и/или користи услуги наменети за вршење на неговото занимање или за други деловни дејности.

Врати се на почетокот од оваа страница.

Специфични критериуми за однос кон животната средина

  1. Предложениот проект третира и разрешува одредени прашања од областа на животната средина
  2. Предложениот проект го зема предвид и го интегрира влијанието врз животната средина од активностите на претпријатието
  3. Предложениот проект вклучува соработка со релевантни институции, експерти, здруженија на граѓани и останати релевантни засегнати страни во заштитата на животната средина

Врати се на почетокот од оваа страница.

Специфични критериуми за вложувањето во заедницата

  1. Предложениот проект решава одредени прашања во заедницата и/или ја подобрува добросостојбата на граѓаните (или одредена група на граѓани)
  2. Предложениот проект вклучува партнерство и соработка со засегнатите страни од заедницата (институции, здруженија на граѓани, итн.) во планирањето и спроведувањето на проектот
  3. Предложениот проект ги поттикнува и мотивира вработените, клиентите и другите актери во заедницата да вложуваат и активно да се вклучуваат во подобрување на условите на живеење и постигнување одржлив развој

Напомена: Во оваа категорија ќе им се даде предност на проектите кои не се однесуваат само на еднократни донации туку кои покажуваат долгогодишна посветеност на претпријатието кон проблематиката на која се однесува проектот и кои се базираат на стратешки партнерства на претпријатието со други општествени актери (институции, јавни установи, граѓански организации и сл.).

Врати се на почетокот од оваа страница.